Транспаренси Интернешнл-Македонија продолжува да ја спроведува редовната месечна и годишните анкети за корупција во рамки на проектот „Бистро-Матно“. За јуни 2023 година, според она што го објавија од Транспаренси Интернешнл-Македонија, поголемиот број се  „бистри”, од „матни” случаи.

Случаите „Скопје 2014“, истрага позната како „Феникс“, двајцата судии кои поднесоа оставка од Судскиот Совет, објавените извештаи од ДЗР од ревизија на сметките на  СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ И Алтернатива за 2021 година, номинацијата на членови во Комисијата за спроведување на избори за членови на Судскиот Совет, како и настани поврзани со активностите на Министерството за внатрешни работи кое информираше за реализирани случаи и поднесени кривични пријави за кривични дела од областа на корупцијата, се „бистрите“ настани регистрирани од Транспаренси Интернешнл-Македонија .

Од „матните“ случаи, во денешното соопштение од Транспаренси Интернешнл – Македонија, наведени се случаите: Рамиз Мерко на црна листа на САД, партиите низ лупата на ДЗР, амбасадорките стрели во судската мета.

Целиот текст на Транспаренси на следниот ЛИНК.