Првиот човек на Регулаторната комисија за енергетира, Марко Бислимовски во гостувањето во Утрински брифинг изјави дека бензиските пумпи кои во текот на вчерашниот ден ограничувале точење на гориво, а со тоа создале паника, но и колони возила пред бензиските, ќе се најдат пред Обвинителството.
-Точно, во текот на вчерашниот ден се создаваа колони на бензинските пумпи низ државата, а тоа е врз основа на шпекулации дека цената на дизелот ќе порасне до 150 денари следната недела. Нафтени деривати има, редовно е снабдувањето и резерви има. Снабдувањето е без никакви проблеми и немало прекин на испорака на бензин. Она што загрижува е што на некои пумпи вчера се продавале бензин за само 500 денари со намера да заштедат резерви и да го продадат поскапо, вели Бислимовски.
Вчера до доцна во ноќта се создаде паника дека ќе снема бензин и дека ќе растат цените, па се создадоа редици пред бензинските пумпи. Бислимовски вели дека тоа се воени профитери.