Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) Марко Бислимоски вели дека институцијата во целост ги следи препораките од Владата за штедење на електрична енергија што од денеска стапија на сила.
-Денеска дојдов по скали на работа, имам проблеми со тежината и планирам да ја намалам. Како што гледате, светлото е ограничено, немаме пуштено ладење, така што апсолутно сите мерки коишто се за штедење ќе ги преземеме и тие се мерки коишто не ги презема само Македонија, ги преземаат и соседните земји, земји од ЕУ . Сметам дека целата јавност треба малку посериозно да се однесува кон овие мерки за штедење, бидејќи во услови на цена на електрична енергија на берзите од 700-800 евра мислам дека ниедна компанија не може нормално да работи со оваа цена особено, компаниите коишто имаат производен процес. Сметам дека и државата во овој дел ќе мора некако да им помогне од аспект на обезбедување на поевтина електрична енергија, рече Бислимоски на денешната прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање.