Регулаторната комисија за енергетика нема да дозволи ново поскапување  на електричната енергија. Во интервју за МИА претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски вели дека во јуни или во јули ќе се донесе одлуката  за нова цена на струјата. Бислимовски уверува дека ќе ги преземат сите механизми кои се на располагање и нема да дозволи зголемување на цената на електрична енергија. Дополнително, регулаторот очекува дека скопјани следната грејна сезона ќе плаќаат поевтини сметки за парно греење. Компанијата „БЕГ снабдување“ треба да направи порамнителни сметки за да се види дали авансните сметки што досега ги плаќаа потрошувачите ќе се намалат или ќе се зголемат. Според првичните пресметки на Регулаторна, порамнителните сметки ќе бидат за одреден процент намалени.

Advertisements

Прикажи повеќе