Сите апокалиптични сценарија и најави дека цената на електрична енергија за домаќинставата ќе се зголеми до 50 проценти или ќе има рестрикции не се остварија. Цената се корегираше за 9,48 проценти, а рестрикции нема, посочи Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) на собраниската Комисија за економски прашања на која трет ден се разгледува Предлог финасискиот план на РКЕ за 2022 година.
Бислимовски информираше дека во изминатиот период РКЕ посредуваше во решавање на проблемите на граѓаните кои пријавиле дека добиле несоодветни високи сметки за електрична енергија.
-Станува збор за несоодветно отчитување. Затоа самите граѓани можат да превинираат и да си го отчитаат броилото и состојбата да ја пријават. ЕВН Хоме е должен да фактурира по состојбата што граѓаните ја пријавиле со самоотчитување, рече Бислимоски.
Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ во дебататата за енергетската состојба и предлог финасискиот план обвинија дека членовите не ги задоволуваат критериумите при нивното бирање и со тоа е доведена во прашање нивната независност.