„Немам верба во Зоран Заев. Премногу пати тој човек кажа едно, а излезе сосема друго. Начинот на кој функционира оваа негова гарнитура се базира на лагата и популизмот“, изјави новинарот и аналитичар Сафет Бишевац во „Само Вистина“ на Канал 5, говорејќи дека оваа влада нема да се бори против корупцијата и дека местото вицепремиер за борба против корупција е само шминка.
Бишевац потенцира дека Љупчо Николовски кој е задолжен за борба против корупцијата е шеф на изборен штаб во неговата партија и дека како таков ќе остане дел од коруптивниот систем.