Атлетичарката од Кина, Бин Фенг, е победничка на натпреварот во фрлање диск, во рамките на Светскиот куп во Јуџин во Соединетите Американски Држави. Кинеската атлетичарка до златниот медал дојде со нов личен рекорд, постигнувајќи растојание од 62 метри и 19 сантиметри. На второто место заврши Сандра Перковиќ од Хрватска, оставајќи ја зад себе Американката Валари Алман.Притоа, Перковиќ стана првата атлетичарка, во дисциплината фрлање диск, со 5 медали од Светските првенства.
Advertisements