Управниот одбор во текот на денешниот ден ја разреши директорката на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Северна Македонија, Билјана Јовановска.
Од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување за МИА велат дека разрешувањето на Јовановска е поради договорот директорското место да и припадне Алтернатива, новиот коалициски партнер во Владата.
Јовановска треба да ја наследи Дритан Беџети од Алтернатива, одлука која поминала на седница на Управниот одбор на Фондот, но, таа треба да биде потврдена од Владата.