По почетокот на пандемијата COVID-19 се зголеми бројот на жените жртви на домашно насилство, изјави за БТА сопругата на бугарскиот амбасадор во Република Северна Македонија, Билјана Ангелова, која е иницијатор на кампања за поддршка на жртвите за домашно насилство.
Веќе се испратени писма до градоначалниците на Република Северна Македонија со барање да се одржат собири на 12 декември во 12.00 часот на плоштадите во различни градови, вклучително и во главниот град Скопје, за да се каже „не“ на домашното насилство.
Мотото е „СТОП на домашното насилство! Биди храбра“ и ова е главниот апел на Билијана Ангелова до жените – да веруваат во себе и да бидат храбри. Затоа што храброста е она што најмногу им недостасува на овие жени, вели таа.
„Кога веруваш во себеси, си силен и ќе одиш напред, ќе си ги заштитиш и децата – затоа што ако толерираш насилство, ќерка ти ќе мисли дека е нормално да толерира таков став, а твојот син – дека е нормално да го прави тоа“, објаснува Ангелова. Таа, во кампањата вклучила луѓе кои пораката „Биди храбра“ ќе ја пренесат на различни јазици за истата да стигне до различни луѓе и различни земји.
Пуштени се и телефони за донација, а бенифициенти на проектот се три центри – Организацијата на жени во Скопје, која е кризен центар за краткотраен престој на жени жртви на насилство, Кризниот центар Надеж, каде жените можат подолго да престојуваат и „ One Can“ – за самохрани родители кои тешко можат да најдат работа и навистина сами се исправени пред предизвиците на животот.
На секој од овие центри му требаат различни работи – на пример, на Организацијата на жени во Скопје, каде што жртвите можат да останат од 24 до 48 часа, ѝ требаат најнеопходни работи, објасни Ангелова. Таа, исто така, планира хуманитарна кампања во која луѓето ќе можат да донираат сè, од пелени за бебиња до чаршафи и храна со долг рок на траење.
За иницијативата таа се сликаше себеси и нејзината ќерка нашминкани како жртви на домашно насилство, а излезе и со предлог и другите жени од дипломатскиот кор да направат вакви фотографии за да се испровоцираат себеси и другите на необичен начин. Затоа што гледањето во огледало како „жртва“ ви носи несомнени емоции, а верувам и на вашите најблиски – вели Билијана Ангелова.
Доколку има одзив, Билијана Ангелова планира да направи изложба со фотографиите. Инаку, таа го покани уметничката од Република Северна Македонија Андријана Мациев да ги прикаже своите дела во рамките на кампањата. Самата уметничка е самохран родител со тешка судбина, а нејзините слики се апстрактни, смели и колоритни, полни со добро расположение. Средствата од фотографиите и сликите ќе бидат уште еден начин да им се помогне на бенифициентите.
„На 7 декември ќе биде организирана и конференција во Скопје, на која ќе бидат поканети претставници од различни институции како Министерството за правда и внатрешни работи, Министерството за труд и социјална политика, како и центрите бенефициенти на кампањата.
Идејата е да се разбуди свеста кај луѓето за овој проблем, да им се даде на знаење на жените, кои се нивните права кога ќе им се случи вакво нешто, каде да одат, како државата ги штити, вели иницијаторката на кампањата. Собирањето на храброст е воопшто да тргнеш и отсега да не бидеш сама, институциите да работат за тебе“, објаснува таа и додава дека жената треба да се чувствува безбедна во државата во која живее.
„Не е точно дека повеќето жени жртви на насилство се во сиромашни семејства, финансиската состојба не е важна“, коментира Билијана Ангелова за БТА.
„Има многу жени кои работат во големи компании, изгледаат совршено, имаат совршен маникир, но нивниот сопруг – на пример затоа што е љубоморен, има проблеми со алкохолот или е нервозен ги тепа“, Ангелова дава пример и забележува дека домашното насилство може да биде и финансиско и психичко.
„Во Бугарија пред пандемијата, секоја четврта жена била жртва на домашно насилство, во Република Северна Македонија – секоја трета“, рече Ангелова, додавајќи дека пандемијата ја влошила состојбата.
Билијана Ангелова бара начини за поддршка на децата и лицата со посебни потреби, бидејќи пандемијата ги погодува и нив. Една од нејзините идеи е да направи модна ревија со производи направени од лица со посебни потреби кои знаат да шијат, плетат, креираат дезени за облека или прават модни додатоци.
„Така, можеме да покажеме дека тоа се луѓе со вештини и можат да работат на многу места, на пример во модна куќа“, дава пример Ангелова.
Таа создава кампањи кои временски траат и не се само еднократен чин. Ангелова успева да собере различни организации и луѓе за да работат заедно за една цел.
„Ова е најубавото нешто што можам да го направам – да можам да ги обединам сите, дури и кога се конкуренти, да размислуваме заедно за доброто“, вели Билјана Ангелова за БТА.