Универзитетскиот професор и поранешен надворешен советник во кабинетот на Заев, Мерселл Биљали во гостувањето на ТВ24 изјави дека доколку нема критична маса, доколку нема протести, тогаш една влада се чувствува комотно.
Позитивно сум изненаден што смогнале сили заеднички да се договорат 2-3 струи во СДСМ, се покажа дека постои некаков демократски капацитет во таа структура. Есенцијата на политиката е да се најде решение кога позицијата ви е во ќор сокак. Кога имате повеќе претенденти, па суетата од минатото, очекувам дека денеска ќе излезат со кандидат за премиер. Не сакам да бидам песимист, но претпоставувам дека најлошото е зад нив, па една помлада генерација има сила и енергија може да се фати со сите проблеми. Држави кои до вчера беа банана-држави, направија нешто, влегов во Г20, секогаш зад нив стои некој лидер со идеал. Можеби е и фашист, како Пиноче. Дали конечно ќе дојдеме до некоја генерација која ќе сфати дека треба да прави нешто за државата? Велат, народот е виновен, затоа што треба народот на клоци да избрка режим кој не ги исполнува обврските. Тоа е улогата на власта, ако таа е мирна, ако нема силни протести, нема критична маса. Тогаш има комотна власт. Крајно време е нешто да се направи“ – вели Мерсел Биљали – универзитетски професор во Студио 10 на ТВ24.