Синоќа во 21 часот, во струшкото село Радожда, лишен од слобода е К.С.(33) од истото село.

Тој бил пријавен дека го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон М.М. и неговото семејство и извршил оштетување на нивната куќна ограда.

Полицијата соопшти дека по целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Текстот Бил агресивен и искршил куќна ограда: уапсен маж од Струшко е превземен од МАКФАКС.