Претседавачот со Европската унија (ЕУ), Португалија состави нов список на потенцијални безбедни земји за Ковид-19, кој ги вклучува Босна и Херцеговина, Црна Гора и Косово, пишува Радио Слободна Европа (РСЕ).
Амбасадорите на земјите-членки на ЕУ го одобрија списокот и оваа одлука ќе стапи на сила до крајот на оваа недела, што значи дека граѓаните на овие земји, вклучително и оние кои не се вакцинирани, можат да патуваат во земјите-членки на ЕУ.
Претставници на земјите-членки на ЕУ денеска разговараа за последниот предлог на списокот, кој покрај западнобалканските држави ги вклучува и Канада, Молдавија, Ерменија, Азербејџан, Јордан, Саудиска Арабија, Катар и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) .
Европската унија ги ажурира списоците на секои две недели според епидемиолошката состојба во секоја земја поединечно.
На претходниот состанок на 18 јуни, Србија, Северна Македонија и Албанија беа додадени на списокот на безбедни земји.
Во мај, ЕУ ја донесе таканаречената „итна сопирачка“, според која забраната за патување за одредени земји може итно да се активира доколку дојде до влошување на епидемиолошката состојба.
Државите добиваат статус дека се безбедни ако во последните 14 дена се регистрираат најмногу 75 позитивни случаи на коронавирус на 100.000 жители.