Состојки:

– 1 парче јунешки бифтек

– 500 г готово лиснато тесто

– 250 г печурки

– 8 ленти панчета или пршута

– 1 главица кромид

– 125 мл бело вино

– 1 јајце

– сенф

– масло

– сол и црн пипер

Подготовка:

Месото зачинете го со сол и црн пипер, па ставете го да се пржи во тава со масло. Во текот на пржењето често вртете го за да се испржи еднакво од сите страни. Во тавата во која го пржевте, додајте ги сечканиот кромид и печурки, па пржете ги додека омекнат.

Потоа додајте го виното и оставете да се динста додека испари течноста. На работна површина ставете го лиснатото тесто и расукајте го во голем правоаголник.

Потоа над него распоредете ги лентите панчета (или пршута). Над нив ставете го филот со печурки, па над филот печениот бифтек. Премачкајте го со сенф, а краевите на тестото премачкајте ги со матено јајце. Со хартијата подигнете го тестото од едниот крај и свиткајте ролат. Краевите од тестото затворете ги.

Готовиот ролат премачкајте го со матено јајце и ставете го во плех, заедно со хартијата за печење. Печете во рерна загреана на 180 степени, 40 минути. По печењето нека одмори 5-10 минути, па послужете го топло.