Еден од соговорниците во вечерашниот „Клик Плус“ на ТВ21 беше Флоријан Бибер – политиколог, професор и историчар кој е запознен со случувањата и конфликтите на Балканот.
Бибер ја коментираше изјавата на комесарот за проширување Оливер Вархеи за евентуално одвојување на Албанија од Северна Македонија на патот кон ЕУ.
„Овој предлог беше одбиен и критикуван од многу силно од страна на Германија, но исто и од други официјални лица. И генералниот директор и од неговиот професионален тим беше соопштено дека ова не е случај, како и од други комесари. Се разбира дека нема ништо природно во тоа како Албанија или Северна Македонија треба да бидат взаемно, знаете немаше венчална церемонија помеѓу двете земји, не излегоа двете земји заедно па да и се придружат на Европската Унија. Значи не дека мора да постои некаква врска помеѓу двете земји, но изгледа како многу лош момент и лоша одлука овие две земји да се одвојат токму во овој момент и мислам дека овој предлог не беше воопшто од помош“, рече Бибер.
Професорот Бибер рече дека не верува дека ќе се случи одвојување на Албанија од Северна Македонија.
„Не мислам дека тоа ќе се случи затоа што сепак земјите членки се тие кои ќе одлучат и кога имате земји членки како Германија кои јасно се противат на оваа идеја, мислам дека нема да помине. Затоа што мислам дека многу држави членки, знаете, мора да имате во предвид дека од едната страна имате земји членки кои сакаат проширување, тоа се земјите како Германија на едната страна и ја имате Унгарија на другата страна која проширувањето го посакува од сосема различни причини од тие на Германија “, вели Бибер.