Светски познатата пејачка Бијонсе дури двапати беше мета на разбојници овој месец, кои упаднале во магацин каде ѕвездата ги чувала своите скапоцености. Три магацини во Лос Анџелес, кои пејаката ги изнајмила, биле провалени, што резултирало со кражба на предмети вредни над милион долари, според „ТМЗ“.

Од полицискиот оддел во Лос Анџелес за новинарите изјавиле дека крадците избегале со скапоцености кои и припаѓање редордерката на Греми наградите, вклучувајќи многу скапи чанти, чевли и фустани. Разбојниците украле дури и детски играчки и лични фотографии на еден од нејзините стилисти. Меѓу украдените предмети е славниот фустан со дијаманти, кој Бијонсе го носеше на овогодинешните Греми награди. Досега нема апсења за овој случај, а полицијата сè уште истражува кој е вмешан во оваа гражба.

Бијонсе не е единствената sвезда што неодамна е ограбена. Имено, непознати сторители украле облека, семејни фотографии и некои лични работи од магацинот на Мајли Сајрус. Иако сторителите не се идентификувани, некои од работите на Сајрус се веќе пронајдени.