Ова е клучен момент, со потенцијал за пресврт и предизвик за контролата на ситуацијата на Владимир Путин во 16-месечната војна на Русија во Украина, оценува аналитичарот на Би-Би-Си Пол Кирби.
Рускиот лидер го обвини платеникот на Вагнер, Евгениј Пригожин за предавство, преземање вооружен бунт и „пробод во грбот на нашата земја“.
Од друга страна една од најважните руски фигури, Пригожин под чија контрола е паравојската „Вагнер“ вели дека неговата цел не е „воен удар, туку марш за правда“.
Што се случува со групата Вагнер, се прашува британскиот аналитичлар?
Со месеци Пригожин играше витална улога во руската воена кампања во Украина, регрутирајќи илјадници луѓе во неговата платеничка група Вагнер, особено од руските затвори.
Тој долго време беше во отворена расправија со воените началници што ја водеа војната, но тоа сега се претвори во бунт.
Силите на Вагнер преминаа од окупираната источна Украина во големиот јужен руски град Ростов-на-Дон и тврдат дека ја презеле контролата врз неговите воени објекти.
Претседателот Путин вели дека ситуацијата е тешка, но вети дека ќе направи се за да ја одбрани Русија.
Дали е ова државен удар, прашува Би-Би-Си?
Според Пригожин, сите тврдења за воен удар се апсурдни, но, она што започна како расправија околу неуспехот на руската армија да им обезбеди на неговите платеници доволно муниција, сега се прели во директен судир меѓу двајцата задолжени за војната во Украина – министерот за одбрана Сергеј Шојгу и вооружените сили началникот Валери Герасимов.
Досега ова не е државен удар, оценува Би-Би-Си, бидејќи немаше обид за преземање на власта, а ниту „приватната воена компанија“ на Пригожин не ја претставува војската, иако тој тврди дека има широка поддршка.
Сепак, станува збор за обид да се собори највисокиот врв на Русија и затоа е предизвик и за авторитетот на Путин. И иако рускиот лидер беше тој што му дозволи на Пригожин да ја развие својата сила, тој очигледно повеќе нема контрола над него.
Кремљ очигледно го сфаќа ова крајно сериозно. Целиот московски регион е ставен во состојба на готовност под строг „режим на контратерористичка операција“, а големите настани се откажани.
Сериозен момент за Путин и Русија. Откако Пригожин се закани не само дека ќе постави камп во Ростов, туку и дека ќе се упати кон Москва доколку не се исполнат неговите воени барања.
Досега тој се бореше само со военото раководство на Русија, но сега го презеде самото раководство.
Пригожин има значителна јавна поддршка во Русија и, дури и ако неговиот предизвик се распадне, ова е во најмала рака момент на сериозна криза за руските воени сили кои се потпираа на неговите платеници во Украина.
Но, ова е исто така клучен момент, со потенцијал за пресврт и предизвик за контролата на ситуацијата на Владимир Путин во 16-месечната војна на Русија во Украина, оценува аналитичарот на Би-Би-Си Пол Кирби.