Бугарската Агенција БГНЕС објави опширна анализа за трговската размена меѓу Бугарија и РС Македонија во минатите речиси 4 години, од потпишувањето на Договорот за пријателство и добрососедство на 1 август 2017 година. Според податоците на БГНЕС добиени од бугарското Министерство за економија размерот на трговската размена меѓу двете земји речиси и да не е променет.
„Ако економијата и трговијата се факторите што помагаат за надминување на недоразбирањата меѓу државите, тогаш Софија и Скопје многу тешко ќе можат да сметаат на нив, за да ги решат постоечките потешкотии. Во 2017 година трговската размена меѓу Бугарија и РС Македонија „тежела“ 735,2 милиони евра. А во 2020 година знесувала736,3 милиони евра т.е се покачила за ништожните 1,1 милион евра. Затоа има објективни причини поради пандемијата од корона вирусот која ги погоди во негативна смисла трговските односи меѓу сите земји. Но податоците од првото тромесечје од оваа година кога последиците од пандемијата почнуваат да се намалуваат, не покажуваат брзо опоравување на трговската размена меѓу Бугарија и РС Македонија“, стои во анализата на БГНЕС. Од таму тврдат дека трговската размена во времето на владеење на Зоран Заев е речиси иста како бројка со трговската размена меѓу Скопје и Софија за време на владеењето на Никола Груевски.