Министерот за одбрана на Косово, Арменд Мехај ги понуди сите капацитети на Безбедносните сили на Косово (ФСК) за помош на Тетово и на сите кои имаат потреба по големиот пожар во тетовската модуларна болница, во кој, според досегашните информации, загинаа 14 лица, јави дописникот на МИА од Приштина.
Advertisements
Мехај преку својата страница на Фејсбук информира дека им изразил сочувство на неговата македонска колешка Радмила Шекеринска и на тетовската градоначалничка Теута Арифи.
– Со голема болка, со душата и со мислите со Тетово! На министерката за одбрана Радмила Шекеринска и на градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, освен изразите на најдлабоко сочувство, им ги понудив сите наши капацитети во поддршка на Кризниот штаб, за справување со трагедијата во тетовската модуларна болница. На семејствата на жртвите и на повредените им порачуваме: Со вас сме!, напиша Мехај.