Без вода за пиење останаа утринава околу три илјади жители на општина Росоман, поради дефект на водоводна линија.
Директорот на Јавното претпријатие за комунални дејности “Росоман”, Гоце Величковски, рече за МИА дека без вода се жителите на Росоман, Манастирец и Рибарци. Се работи за дефект на главната водоводна линија за Росоман, под фабриката Дрекслермаер.
Водата ќе биде сопрена до санирање на дефектот.