Цените на сувомесните прозвди драстично ќе се зголемат ако државата не дозволи увоз на редовните одобрувани количини од 6.400 тони замрзнато месо. Покрај највениот ценовен шок, од месната индустија најавуваат и згаснување на некој од преработувачките капацитети. Од Министрството за економија велат дека го разгледуваат барањето од месната индустија и доколку има економска оправданост ќе ја зголемат количината на увоз на замрзнато месо.
„Барањето е со цел да се вратат редовните количини кои во регуларни услови на стопанисување ни беа одобрувани во изминатите три години, а во десетти месец 2020 година беа преполовени иако веќе беше измината скоро една година од појавата на пандемијата. Во случај да не се прифати барањето очекуваме во најкус можен рок да следи ценовен шок за домашните потрошувачи со драстично зголемување на цените на месните преработки“, рече Гоце Трајчев- Групација за производство на месо и преработки на месо.
– Advertisement –