Ако итно не се продолжи со мерката поддршка за исплата на плати од страна на државата, 20 отсто од вработените во текстилната индустија ќе останат без работа. Претставниците од овој сектор со апел до пратениците итно да го донесат Законот за исплата на февруарските и мартовските плати за спас на работните места. Само минатата година три илјади вработени од текстилната и кожарската дејност останале без работа, затоа што дел од домашните компании не работат или работат со намален капацитет поради намалената продажба.
„Ако добијат помош за исплата на плати тие ќе ги задржат вработените во спротивно за овие два месеци огомен процент од вработените во текстилната индустија ќе останат на улица и ќе се случи катастрофална состојба наместо тие луѓе да го полнат буџетот и фондови за пензиско и здравствено тие ќе останат невработени под Агенцијата за вработување. Затоа повикувам до пратениците на Македонија и на власта и на опозицијата и независни да размислуваат за овие состојби“, рече Ангел Димитров- Здружение на текстилна и кожарска индустрија.
– Advertisement –
Помошта за исплата на плати и натаму виси, бидејќи во собраниска процедура овој Закон треба да влезе дури на 23 овој месец, но од друга страна опозициската коалиција Алијанса за Албанците и Алтернатива најавуваат поднесување максимален број на амандмани за блокада на Законот, за да ги реализираат своите политички барања за другите закони кои што тие ги поднесоа, а не им се прифаќаат. Поради ковид кризата текстилната и кожарската индустија лани имале намалување на индустиското произодство за околу 14 осто во однос на 2019, додека пак извозот на облека, текстил и кожарска индустија има пад од 10,6 осто. Во овој сектор има околу 37 илјади вработени.
Андреа Чобанова