На 21 декември 2025 година, во ОВР Радовиш било пријавено дека околу 21:30 часот, во селото Ораовица, патничко возило „опел корса“ без регистарски ознаки, управувано од И.В. (46) од истото село, удрило во паркирано патничко возило „форд фокус“ со радовишки регистарски ознаки, сопственост на Ц.Л.
Во сообраќајната незгода, возачот И.В. се здобил со телесни повреди, констатирани во Здравствен дом Радовиш.
За настанот бил запознаен јавен обвинител, а при преземање мерки во врска со незгодата било констатирано дека возачот го управувал возилото под дејство на алкохол, односно дека имал 2,21 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Текстот Без таблички и со 2,21 промила: пијан возач удрил во паркиран автомобил во Ораовица е превземен од МАКФАКС.























