Владината одлука за затворање на угостелските објекти требаше да биде објавена заедно со мерки за помош на овој сектор. Угостителите се согласни дека без итна одлука за неповратна финансиска помош, кафулињата и рестораните тешко дека ќе продолжат да работат. Велат дека иако добиле безброј ветувања од владините претставници за посебни мерки за туристичко – угостителскиот сектор, ниту едно од ветувањата не било исполнето.
„Верувајте, добивам инфомации не само ние како локал туку и многу други локали ги одјавуваат вработените, затоа што не се сигурни на вистината во која што се кажува дали мерката ќе трае две недели или два месеци и дали ние воопшто ќе добиеме сериозна и директна помош наменета исклучиво за угостителите, да кажат, да, вие добивте толку или едноставно ќе бидат дадени верувања кои што нема да бидат никогаш исполнети“, вели Здравко Јосифовски- Независна угостителска комора.
– Advertisement –
Покрај борбата за опстанок на нивните бизниси, итна неповратна помош им е потребна и за да ги задржат вработените, велат угостителите.
„Ја разбираме потребата за носење на нови рестриктиви мерки кои треба да доведат до подбрување на состојбите на здравствен план. Но, во исто време апелираме дека е непходно со тоа итно да се додели посебна неповратна финансиска помош. Подршката е непходна за да се обезбедни основна егзистенција и да не се изгубат работните места“, велат од Туристичко-угостителската комора.
Според Владата, мерки ќе има онаму каде што е потребно и истите ќе се донесат навремено.
„Економски мерки за помош на затворените економски оператори ќе има, економските тимови на Владата веќе работат на истите и навремено ќе бидат објавени. Помош ќе стигне онаму каде што е потребна“, тврдат од Владата.
Кафулињата и рестораните досега три пати беа затворани со одлука на Владата, но и претрпеа најмногу измени во работното време во зависност од донесените рестриктивни мерки. Од секторот немаат официјална бројка дали и колку објекти ставиле клуч на бизнисите или колку вработени во овој сектор останале без работа поради кризата.
Андреа Чобанова