СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.Р.(40) од охридското село Велгошти.

Таа се сомничи за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „узурпација на недвижности“.

Имено на катастарска парцела во државна сопственост во атар на истото село, таа без одобрение изградила пристапен пат и поставила армирана бетонска пристапна рампа. Врз основа на констатираната состојба, овластен градежен инспектор изготвил решение за нивно отстранување.

Текстот Без одобрение изградила пристапен пат и поставила армирана бетонска пристапна рампа: кривична пријава за охриѓанка е превземен од МАКФАКС.