Без Олуџоби, Гравет и Магдевски и со само девет играчи во ростерот, МЗТ Скопје пружи само силњн отпор на Спарс во 11.коло во АБА 2 лига. Нашиот претставник загуби со 76:68.
Дамјан Стојановски со 20 поени беше најефикасен, Бојиќ имаше 14, а по 11 уфрлија Тарнер и Крстевски. Во противничкиот табор најдобар беше Камењаш со 18 поени.
Со оваа победа Спарс обезбеди пласман во плејофот, а и покрај поразот МЗТ Скопје останува во игра.