На просторот кај Вардар, голем колку 10 фудбалски терени, наскоро може да „никнат“ високи бетонски чудовишта. Сѐ уште не се знае колку ќе бидат на број, но и покрај бројните реакции од страна на граѓаните и експертите за „убивање“ на јавниот простор, сепак издадена е дозвола за нивна изградба, објави ТВ21.

Детали за градбата не открива ниту првиот човек на општина Центар, Саша Богдановиќ. Знае само дека во првиот дел е предвидено да бидат изградени 3 згради, но за втората и третата фаза вели дека не е запознаен – што планираат инвеститорите „МГ Фешн“ и Македонската православна црква преку компанијата „Обновители“. Општина Центар го раскинала договорот со планерската куќа „Билд Урбан“поради несогласувања околу градењето покрај Вардар. Обидите на општината да интервенира во планирањето, како што вели Богдановиќ, се потврдуваат со одлуките за неспроведување на урбанистичкиот план усвоен пред неколку години. Успех забележале во 8 планови, но за жал, како што вели, Уставниот суд ги поништи општинските одлуки.