Бесир Шабани е нов член на Надзорниот одбор на „Македонска Навигација“ – М-НАВ, објави Македонската берза на хартии од вредност.

„Ве известуваме дека е извршена промена кај членовите на Надзорниот одбор на Акционерското друштво во државна сопственост за управување со воздушниот сообраќај и давање услуги во воздухопловна навигација М-НАВ АД Скопје. Со Одлука на Владата на Република Северна Македонија во својство на Собрание на Акционерското друштво во државна сопственост за управување со воздушниот сообраќај и давање услуги во воздухопловна навигација М-НАВ АД Скопје за член на Надзорниот одбор е избран Бесир Шабани“, пишува во соопштението.

Согласно настанатата промена, Надзорниот одбор на Акционерското друштво е во состав од членовите: Горан Јандреоски, претседател, Милорад Милановиќ, член и Бесир Шабани, член.

Текстот Бесир Шабани е нов член на Надзорниот одбор на „Македонска Навигација“ е превземен од МАКФАКС.