Во едно од возилата во сообраќајната несреќа, во која се судрија три возила, доцна попладнево биле министерот за финансии Фатмир Бесими и министерот за економија Крешник Бектеши. За тоа информираше Бесими на социјалната мрежа Фејсбук.
„Доцна попладнево, службеното возило со кое се превезував заедно со министерот за економија Крешник Бектеши на работен состанок во Владата беше учесник во сообраќајна незгода која се случи на крстосницата пред Владата.
Освен материјална штета на возилата, за среќа нема потешко повредени лица. Учесниците се здобија само со полесни повреди. На повредените им посакувам брзо оздравување“, се вели во статусот на Бесими.