Фирмата Беса Транс преку соопштение на социјалната мрежа Facebook ја информира јавноста дека не шверцувале нафта со изгорениот автобус во кој загинаа 46 лица, на автопатот „Струма“ во Бугарија.
„Како агенција ги информираме сите, семејствата на починатите и повредените во трагичниот случај, дека автобусот во никој случај немал резерва за шверц на бензин или нафта. Сите овие шпекулации се злонамерни. Вкупниот капацитет на автобусот беше 450-500 литри нафта за самиот автобус, а во никој случај немаше резерва за шверцерски цели. Уште еднаш ги замолуваме медиумите да не ги користат овие дезинформации“, стои во објавата на компанијата.