Секретарот на Движењето БЕСА Аднан Азизи ги повика владејачките партии да отворат пат за предвремени парламентарни избори откако Македонија не успеа да добие датум за отворање на преговорите со ЕУ.
Тој рече дека владата е делегитимирана и дека треба веднаш да се одржат парламентарни избори во Македонија.
„Датум… интеграциите… ЕУ… .процесот нè заглупуваше со празни пароли, а всушност тоа беше да се изнуди опстанок на власта до последен момент.
Нема датум – власта е делегитимирана, затоа предвремени избори ден порано, инаку овие можат само да не одведат во бездна“, напиша Азизи.