Со 12 гласови ЗА и еден против, мнозинството судии од Судскиот совет ја избраа Беса Адеми за претседателка на Врховниот суд. Гласовите на етничките заедници ги доби со однос 4:1.
Во трката за избор на прв човек на Врховниот суд беа и судиите Џемали Саити и Лидија Неделкова.
Беса Адени е судија во Врховниод суд од 2009-та година и тоа во Одделот за граѓански дела, Специјализиран совет по жалби против одлуки на Управен суд и Оддел за судска практика. Родена е во 1960-та во Скопје, а на Правен факултет дипломирала во 1990-та година. Правосудниот испит го положила три години подоцна.