Германските социјалдемократи (СПД) победија на регионалните избори за управување со државната влада во Берлин, според првичните резултати објавени утрово, што значи дека нивната кандидатка Франциска Гифи ќе стане првата жена градоначалник на германскиот главен град.

Advertisements

Гифи (43), која претходно беше министерка за семејство во националната влада на канцеларката Ангела Меркел, ќе ја преземе функцијата градоначалник од Мајкл Мулер од СПД, откако тој одлучи да не се кандидира повторно. СПД освои 21,4 проценти од гласовите, нешто помалку од 21,6 проценти колку што ги освоија во 2016 година, додека Зелените – 18,9 проценти од гласовите од 15,2 отсто пред пет години.

Гифи поднесе оставка на функцијата министер во мај по скандалот со плагијат на нејзината докторска дисертација.

Прикажи повеќе