Претседателката на Унијата на жени на Алијанса за Албанците, Вјолца Бериша, денеска на прес-конференција праша како може одговорните за нрсреќата во Тетово во која загинаа 14 лица, да прават кампања и од граѓаните да бараат уште еден мандат.
„Поминаа три недели од големата несреќа во Тетово. Три недели откако 14 луѓе изгореа живи под покривот каде што беа отидени за да оздрават. И ден-денес после три недели откако изгоре модуларната болница нема ниту еден знак на помрднување на совеста на тие коишто се директно одговорни за оваа трагедија. Изборната кампања ги има опфатено сите, докажувајќи повторно дека граѓанинот за властодржците претставува само алатка са собирање гласови и продолжување на векот на нивното неуспешно управување. Уште еднаш докажаа дека нивната рака кон граѓанинот се додава само кога треба да им се украде од џебовите, да им се украдат сништата, иднината… Ова е неопростиво и треба да се казни!
Тројцата протагонисти од тешката несреќа коишто денес требаше да одговараат пред правните органи, Министерот за правда, Венко Филипче, Заменикот министер, Илир Хасани, заедно со Директорот на болницата Флорим Бесими, не само што не дадоа оставка, како морален чин, туку тие продолжуваат со нивните активности во оваа изборна кампања, одејќи низ населбите до граѓаните и ветувајќи им подобар живот, барајќи го нивниот глас за да уште еден мандат ги помножат со нула, или, Господ да не чува и брани, на еден или друг начин да ги изгорат живи повторн, вели Бериша.