Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок предупреди на ескалација во регионот откако палестинските милитанти извршија голем напад врз Израел, јави ДПА.

„Ова е невиден чин на ескалација од страна на Хамас“, рече Бербок во Берлин.

„Сега постои непроценлива опасност од голема регионална ескалација поради овие терористички напади“.

Хамас го погоди јужниот дел на Израел во ненадеен напад, а извештаите велат дека најмалку 100 луѓе загинале. Израелските репресалии оставија околу 200 загинати во Појасот Газа.

Бербок додаде: „Ништо не го оправдува неселективното ракетирање, нападите на командоси врз мирни цивили, бруталното киднапирање на невини луѓе“.

Според неа земањето заложници од страна на Хамас е „одвратен чин и го прекршува меѓународното хуманитарно право“.