Бугарија работи многу упорно за да биде целосно присутна во шенген зоната. Бугарија ги има исполнето сите услови за тоа. Ова го истакна германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок за време на заедничката прес- конференција со нејзината бугарска колешка Марија Габриел во Берлин, јавува БГНЕС, пренесува Трибуна.

Бербок е децидна дека Бугарија ги исполнила сите критериуми и нејзините граѓани имаат право да се движат слободно во Европа.
,, Ние како ЕУ треба да го чуваме нашиот збор за влезот на Бугарија во Шенген. Полноправното членство на Бугарија во Шенген треба да се случи многу брзо”, истакна Бербок.

Германската министерка го подвлече и значењето на проширувањето на ЕУ.

,, Украина, Молдавија, Северна Македонија и другите земји од Западен Балкан имаат активности по договорените реформи. Нивните напори треба да бидат признаени, но треба конкретните реформи треба да бидат имплементирани на време и во согласност со европските вредности. Бербок ја коментираше и помошта на Бугарија за Украина.
,,Солидарноста на Бугарија не е само на зборови. Бугарија, Романија и Грција го оддржуваат коридорот за извоз на украинска пченица”, истакна Бербок.

Од своја страна Марија Габриел подвлече дека Бугарија треба да биде примена во шенген без одложување.

,,Без повеќе одложување на Шенген. Благодарам за категоричната поддршка на Германија. Позицијата на Берлин значи многу за Бугарија и бугарскиот народ”, истакна Габриел.

Таа додаде дека Германија ја поддржува Софија и за членството на Бугарија во Организацијата за економска соработка и развој.
Марија Габриел истакна уште дека поддршката за Украина треба да продолжи во условите на руската агресија.

,,Ќе работиме за режимот на санкции против Русија и за мерки против заобиколувањето на тие санкции. Ја поддржуваме формулата за мир на претседателот Зеленски”, истакна таа додавајќи дека заедно со Молдавија, Романија и Грција, Бугарија ќе работи за алтернативни рути за украинската пченица.

Правата дипломатка на Бугарија истакна дека Бугарија ја поддржува интеграцијата на земјите кандидати за влез во ЕУ.

,,Ги поддржуваме земјите од Западен Балкан, Молдавија, Украина и Грузија. Критериумите треба да бидат исполнети”, подвлече Габриел.