Од ноќеска на полноќ за 2 денари поскапува бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 а за 2,5 денари бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 3,00 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 3,497%, кај дизелот за 1,882%, кај екстра лесното масло за 4,473% и кај мазутот зголемувањето е за 1,095%, информираат од Регулаторната комисија.