Карим Бензема веќе долго време игра со завој околу раката.
Главната причина е малиот прст на неговата десна рака, кој беше повреден во јануари 2019 година.
Во пресрет на натпреварот од Лигата на шампионите, новинарите беа заинтересирани за состојбата на неговиот прст и зошто не беше опериран.
Бензема рече дека веќе еднаш бил опериран, но дека едноставно едвај чекал да се врати на теренот, па ја влошил ситуацијата.
„Веќе имав една операција и морав да бидам надвор од теренот два месеци. Сакав да се вратам и повторно се повредив. Сега немам време да запрам за нова операција“, изјави напаѓачот на Реал.
Сепак, без оглед на тој хендикеп, Бензема добро се прилагоди на ситуацијата, па минатата сезона успеа да постигне 30 гола за Реал и четири за француската репрезентација на Европското првенство.
И на последниот натпревар на Реал одигран на „Сантијаго Бернабеу“ против Селта во победата од 5:2, успеа да комплетира хет-трик.
Сепак, нема сомнение дека еден ден Бензема ќе треба да го исправи прстот, но изгледа дека не брза, особено ако во меѓувреме стана суеверно и верува дека завојот му носи среќа.