Kандидатот за градоначалник на Град Скопје од Коалицијата „Одлучно за промени“ на ДОМ и ЛДП Арбен Бени Шакири на официјалното отворање на Градскиот штаб на коалицијата изјави дека доколку биде избран ќе работи посветено и ќе биде градоначалник на сите граѓани на Градот Скопје без разлика на нивната партиска, национална, верска и било која друга припадност.
„Заедно со професорот Пановски ќе дадеме се од себе да покажеме дека сме вистински скопјани, дека сме вистински домаќини и дека ќе работиме посветено и ќе носиме храбри и одлучни решенија. Ќе работиме исклучиво за граѓаните, за да ги решаваме проблемите на граѓаните на Градот Скопје. Токму затоа сме тука, а не за да истераме мандат, да ги затвориме кабинетите и да не фатиме ништо што доаѓа од страна на граѓаните. Овој пат ве уверувам дека тоа нема биде така“, изјави Шакири.