Португалскиот тим Бенфика соопшти дека меѓу членовите на екипата и фудбалерите се потврдени дури 17 нови случаи на коронавирус со што се соочува со откажување на натпревари.
Бенфика исто така наведе дека меѓу заразените има пет фудбалери вклучувајќи ги дефанзивецот Јан Вертонген и напаѓачот Лука Валдшмит.
Клубот исто така соопшти ги контактирале локалните здравствени власти за да добијат одговор дали ќе бидат во можност да продолжат со тренинзите и одигрување на натпреварите во наредните неколку недели.
Бенфика моментно се наоѓа на третото место во португалската Примеира лига со 32 бода, четири бода помалку од лидерот Спортинг Лисабон.