Актерот Бен Афлик прозборе за периодот кога луѓето имале само негативни коментари за неговата тогашна девојка Џенифер Лопез.
Афлик беше гостин на подкастот на „The Hollywood Reporter“. Во долгиот разговор, 48-годишниот актер се отвори за своето минато и негативните реакции од јавноста за неговата врска со Џенифер Лопез.
„Луѓето беа толку е*ено злобни кон неа – сексистички, расистички. Грди, одвратни работи се пишуваа за неа, што ако тоа се случуваше денес, буквално би можеле да ја изгубите работата заради тоа што сте го кажале“, рече Афлек за време на подкастот.
„Сега таа е почитувана за работата што ја работи, од каде дошла, што постигнала – како што и треба да биде. Јас би рекол дека, доаѓајќи од Бронкс, поголеми се шансите да завршите во суд како Сотомајор отколку да имате кариера како Џенифер Лопез и да бидете тоа што е таа денес“, вели тој.
Потсеќајќи се на времето кога бил заедно со Џенифер Лопез, тој вели дека нивната приказна била постојано присутна во медиумите чиј бизнис експоненцијално растел во тоа време.
Откако ја официјализираа својата врска во музичкото видео „Jenny from the Block“, Лопез и Афлек се верија во 2002 година и беа заедно до јануари 2004 година.
Во 2018 година, самата Лопез го спореди погледот на нејзината врска со Афлек со сегашната веридба со бејзбол легендата Алекс Родригез.
„Тогаш беше полошо. Едноставно беше лудо… Сега барем можам малку да ви покажам која сум јас. Тогаш само се веруваше во што и да беше на насловната страница на некој таблоид. Многу пати тоа не беше вистина или беше само една третина од вистината“, еднаш изјави Лопез за „Инстајл“, зборувајќи за тоа како била третирана нејзината врска со Афлек.
Како што вели, со притисокот на социјалните медиуми, денес е навистина тешко да се биде славна личност, но во ерата на таблоидите било многу полошо.