Украинската нуклеарна централа Чернобил, која е исклучена од снабдувањето со електрична енергија и заземена од руската војска, ќе се снабдува со енергија од соседна Белорусија, пренесе ДПА.
Ова го соопшти Министерството за енергетика во Минск, јави белоруската државна новинска агенција БелТА.
Украинската државна енергетска фирма „Укренерго“ го критикуваше планот откако руското гранатирање ги прекина далноводите. Истакна дека прекин на огнот е најдобар лек.
„Сите извештаи на руските и белоруските медиуми за снабдување на централата Чернобил од Белорусија се провокaција со цел да се влоши ситуацијата“, се вели во соопштението на „Укренерго“.
Чернобил доживеа катастрофална нуклеарна несреќа во 1986 година. Во 2021 таму беше отворен нов привремен капацитет за складирање на радиоактивен отпад и експертите рекоа дека нема непосредна опасност поради недостигот на електрична енергија