Белорусија ги ослободи критичкиот новинар Роман Протасевич и неговата девојка Софија Сапега. Новинарот кој беше уапсен во авион веќе е пуштен во „домашен притвор“, потврди неговиот татко за Би – Би – Си. Роман Протасевич беше приведен под сомнение за поттикнување немири по апсењето на 23 мај. Неговата девојка, руската државјанка Софија Сапега, беше уапсена заедно со него и исто така е пренесена во домашен притвор, изјавија нејзините родители за Би – Би – Си. ЕУ одговори на авионскиот инцидент со санкции кон Белорусија.

Advertisements

Таткото на Протасевич Дмитриј изјави дека обвиненијата против двајцата приведени не се повлечени, пренесува BBC Russian. Новинарот се соочува со обвиненија за организирање масовни немири и за кои може да биде осуден на казна затвор до 15 години, додека г-ѓа Сапега е обвинета за предизвикување на немирите. Западните земји ја обвинуваат Белорусија за киднапирање на авионот Рајанер, кој беше принуден да слета во Минск за наводна закана со бомба, пишува ББС.

Прикажи повеќе