По два неуспешни обиди да се одржи конститутивната седница на градското собрание, во Белград ќе има повторени избори.
Потпретседателот на Главниот одбор на партијата, Александар Шапиќ, по седницата на Претседателството на владејачката СНС истакна дека на избори ќе одат на „најширок можен фронт, преку големо движење“ со сите кои сметаат дека „се води политика за напредок на Белград“.
На изборите на 17 декември ниту една листа или партија не освои доволно гласови за да формира власт во Белград.
Градското собрание има 110 советници, а Српската напредна партија и Социјалистичката партија на Србија имаат вкупно 54, односно им недостигаат двајца за да останат на власт. Листата на Бранимир Несторовиќ „Ние гласот на народот“ освои шест мандати.
ОДИХР на 28 февруари го објави конечниот извештај за изборите во Србија, кои се одржаа на 17 декември минатата година. Во него се наведува дека на вонредните парламентарни избори во Србија „доминирало одлучното учество на претседателот, кое заедно со системските предности на владејачката партија создало нефер услови за учесниците“.
Меѓу другото се наведува дека „во кампањата генерално биле почитувани основните слободи, но таа била поткопана со остра реторика, пристрасност во медиумите, притисок врз вработените во јавниот сектор и злоупотреба на јавните ресурси“.