Членовите на белгиската репрезентација се загрижени бидејќи стравуваат дека Еден Азар нема да биде во можност да настапи на Европското првенство поради најновата повреда. Тие се сомневаат дека во Реал Мадрид не ја добива потребната медицинска нега.

-Чекаме, но ова е загрижувачки. За разлика од Денис Прат, Кевин Де Брујн и Дрис Мертенс, Еден има хронична повреда, која секогаш лошо завршува, рекол докторот на репрезентацијата на Белгија, Кристоф Сас.

Според медиумите во Белгија, од националниот Сојуз ќе барале од Реал редовно да добиваат информации за состојбата на Азар, дури се надевале дека од Мадрид ќе му дозволат рехабилитацијата да ја продолжи во Белгија.

loading…