Фудбалскиот сојуз на Белгија изрази огромни сомнежи за квалитетот на грижата што Еден Азар го добива во Мадрид.
Според Нивесблад, Федерацијата ќе побара од кралскиот клуб многу почесто да ги информира за состојбата на Азар и тие изразиле желба Азар да продолжи со опоравување од повредата во Белгија.
Во оваа земја постои голема загриженост дека поради тешките повреди што ги има Азар, тој може да го пропушти Европското првенство, каде Белгија е кандидат за висок пласман.
Одличниот фудбалер е често надвор од терените и ќе видиме дали ќе биде подготвен за летните предизвици во репрезентативниот дрес.
loading…