Иако беа со големи амбиции да бидат европски шампиони, Белгија испадна уште во четвртфиналето на Европското првенство, после поразот од Италија со 1-2, но федерацијата на оваа земја нема намера да прави селекторски рокади после неуспехот на веројатно најталентираната генерација што ја имале „црвените ѓаволи“.
Наместо отказ, Мартинес ќе добие уште една шанса да ја води најдобрата селекција на светот според листата на ФИФА и на Светското првенство во Катар идната година. Неговиот договор важи токму до следниот Мундијал, на кој Белгија ќе атакува на самата титула со оваа златна генерација, на која најголем успех ѝ е третото место на претходното СП во Русија.
Белгиската репрезентација е на врвот на ФИФА ранг листата подолг период. Но, и покрај тоа, не успева да направи значаен успех на големите турнири.
На овогодишниот шампионат загуби од Италија во осминафиналната фаза.