Белата куќа денеска ја повика Кина да ја осуди руската инвазија на Украина, бидејќи нападот на Москва врз нејзиниот сосед продолжува, а рускиот претседател Владимир Путин ги стави нуклеарните сили во состојба на специјална борбена готовност.
„Ова не е време да стоиме на страна. Ова е време да бидеме гласни и да ги осудиме постапките на претседателот Путин и Русија која изврши инвазија на суверена земја“, рече портпаролката на Белата куќа Џен Псаки во интервју за MSNBC.
Кина, заедно со Индија и Обединетите Арапски Емирати, беше воздржана кога во саботата се гласаше за нацрт-резолуцијата во која Советот за безбедност на ОН повика на итно прекинување на офанзивата во Украина.