Министерот за економија Бектеши во „Click Plus“ вечерва на ТВ21, напомена дека Владата досега со 4 пакети за директна помош за граѓаните и бизнисот успеала да помогне да се зачуваат работните места.

„Директна помош, како што се субвенции за плати, вкупно 6 месеци во годината, Владата исплати средства за субвенции за плати за компаниите, преку МБПР доделивме ефтини кредити за микро и мали претпријатија. петтиот пакет ќе биде во иста насока, ќе помогнеме на сите. Се консултиравме со сите стопански комори, Има консензус“, потенцираше Бектеши во „Click Plus“ на ТВ21.

Петитот пакет е готов, има неколку детали да се додефинираат и се објавува. Ќе има државна помош, а наместо исплата на плати, ќе има бескаматни кредити за компаниите со грејс период од 12 месеци и период на отплата од 3 години, додава Бектеши.