Министерот за економија Фрешник Бектеши тврди дека техничките и комерцијалните загуби на електродистрибутивната мрежа, можат да се намалат преку редовно одржување на мрежата и потикнување на граѓаните легално да се приклучат на мрежата. Боктеши открива дека загубите од 15 отсто паѓаат на товар на домаќинствата и ги зголемуваат сметките за струја.

„Овој проблем не е етнички или регионален, постои на државно ниво. Не се случува само во Арачиново, туку и во одредени региони во Куманово, Прилеп, источна Македонија, секаде. Секој треба да придонесува да се реши овој проблем“, вели Бектеши во интервју за ТВ Шења и пореталот zoom.mk.

Aко продолжи трендот на вложување во обновливи извори на електрична енергија, тој очекува за четири до пет години, земјата од сопствените извори да ги задоволи потребите за електрична енергија.

„За една година преку инсталирање на фотоволтаични панели успеавме да го зголемиме производството на електрична енергија за 182 мегавати, додека во преходните две години едвај 19 мегавати. Кризата некогаш претставува и можност. Нелогилки е што пред кризата не сме вложувале во обвовливи извори на енергија иако во последните десет години сме имале по 280 сончеви денови годишно“, отгкрива Бектеши.

Според него, високата инфлација е увезена однадвор бидејќи домашната економија тесно е поврзаната со европската економија.

Р.З.