Иницијативата Отворен Балкан уште еднаш покажува што значи интеграција, практична примена на политика на отворени врати и добрососедство, порача министерот за економија Крешник Бектеши.
Како што вели тој, со мотото „Вкуси го животот“ Северна Македонија ја претставува својата традиција, обичаи, карактеристичната кујна, музика и фолклор, како и обележјата и вредностите на сите други заедници кои живеат во земјата на Меѓународниот саем за вино, храна и туризам „Винска визија на Отворен Балкан“ кој се одржува во Белград.
-Иницијативата Отворен Балкан на Северна Македонија, Србија и Албанија, почна со визија за регионална соработка, а денеска е наша голема можност на патот кон Европската унија, и справување со предизвиците како што се енергетската криза, вели Бектеши.